За нас
Ние сме Flowers & more – уникатна бутик-цвеќарница на една од најубавите пешачки улици во центарот на Скопје.


За Нас

Flowers & more е  семеен бизнис − целиот свој живот бевме љубители на цвеќиња, па решивме  да се посветиме на она што отсекогаш ни предизвикувало најмногу страст. Но, со малку поинаква идеја – со поретко присутни цвеќиња, па дури и од подалечни места, но со подобар квалитет и поголема разновидност, а сепак со убавина која треба да е достапна за сите.

Во Flowers & more, освен што ќе најдете многу цвеќиња, ќе најдете и сè она што ќе ви помогне тие и за вас да бидат нешто повеќе.  Ќе ви помогнеме да постигнете повеќе убавина  со убавите естетски аранжмани, да научите повеќе за нив и да пренесете повеќе од обична порака избирајќи го вистинското цвеќе. Ние ќе ви помогнеме за изборот на цвеќе, боите, стилот и сезонските цветови, со креативни идеи и решенија, но, сепак, на крајот изборот е ваш, затоа што и поводот е ваш. При креирањето на букетите и аранжманите ние се трудиме да ја нагласиме природната убавина на цвеќето, дизајнирајќи севкупна импресија која не е фокусирана само на цветот. А доколку сакате, ќе ви помогнеме да подарите нешто повеќе со цвеќињата, како и да се снабдите со сè она што ви е потребно околу цвеќињата – саксии, декоративни влошки, исхрана, земја садници, нега итн.

Посетата на нашата бутик-цвеќарница е искуство само по себе. Овде проткајува чувство на смиреност. Затоа веќе станавме познати и по тоа што многумина влегуваат кај нас само да „вдишат и помирисаат“ свежина.

Посетете нè. Се надеваме дека ќе ви предизвикаме емоции и ќе ви помогнеме вие да ги предизвикате кај некого.

За слики и приказни од вистински Македонски свадби посетете    Flowers&More.