Корисни совети

Нега на орхидеи


Генерално постојат два вида на Орхидеи: Cymbidium и Phalаenopsis. Заедничко за двете е што сакаат влажност и светлина. Првите се чуваат во темни садови на пониска температура (идеална 10 целзиусови степени) а вторите во прозирни садови (затоа што и на коренитеим е потребна светлина) на повисока температура (идеална 18 целзиусови степени). Откако ќе прецветаат се пресекува (дијагонално) гранчето на кое цветале, но не долу туку веднаш после последниот цвет односно пред членчето. Секој член/јазол е пoтенцијална нова цветна гранка.

Добри, здрави орхидеи, израснати во идеални услови (собна температура не помалку од 16.5C) треба да цветаат цели осум недели, по што цветот полека ќе почне да паѓа (совршено природно) од надолу  нагоре. Орхидеите во идеални услови цветаат до 3 пати во годината.

Како и повеќето убави работи, тие се малку потешки за одржување а уште повеќеп ребирливи. Сакаат светлина и влага (како и сите тропски растенија), би било идеално да се поставени на север, на места каде нема промаи, и претпочитаат  само мека вода. Сакаат филтрирана светлина а не директна сончева светлина. Никогаш не ги потсекувајте корените кои излегуваат од саксијата надвор и не вадете ги од оригиналнте пластични саксии во кои тие се насадени.

Ако водата што ја користите е тврда тогаш најдобро би било да користете изладена претходно превриена вода. Вадете ги еднаш неделно со ½ дл вода,  или пак ставете ги во кофа со мека вода (до крајот на компостот) да постојат една минута, но внимавајте да не се натопат лисјата. Можете да ги вадите и со дождовница. Додека орхидеите се во цут, да се остават стапчињата кои им служат за поддршка. Во периодот на цут Орхидеите не се потхрануваат. Најдобро е да ги потхранувате на 3 недели во периодот од пролет до есен со течно ѓубриво измешано во водата за полевање.

За време на зимскиот период на Орхидеите им е потребен одмор затоа полевајте и потхранувајте ги поретко.

За да обезбедите поголема влажност во просторот може да ги поставите на сад полн со каменчиња прелиени со вода. Испарувањето на водата ќе ја обезбеди потребната влажност на воздухот. Или пак можете да ги чувате во повлажни простории (кујна или бања).