Политика за испорака и враќање

ИСПОРАКА

Flowers&more врши испорака на цвеќе на целата територија на Република Македонија. Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница, а електронската фактура за извршеното плаќање ќе ја имате веќе добиено по електронска пошта. Купените производи ќе бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Времето на испорака ќе зависи од начинот и можноста избрани од Ваша страна. 

На денот на испораката, доколку не успееме да Ве најдеме и да Ви ја предадеме пратката ќе Ви биде доставена писмена информација за направениот обид. Доколку порачаниот производ не може да Ви биде испорачан од наша страна, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои ги имате доставено при регистрацијата. 

 

НАРАЧКИ ВО ИСТ ДЕН - Нарачките важат само за територијата на градот Скопје

Ваков тип на нарачки ќе бидат испорачани за најмногу 3 часа по завршување на нарачката доколку истата е направена до 15 часот. 

Испораката се врши до 21:00 часот. Не важи за празнични денови. Во случај на пократко време контактирајте ја нашата цвеќарница за посебен договор. 

 

НАРАЧКИ ЗА УТРЕ

Нарачките направени од денес за утре се примаат најдоцна до 15:00 претходниот ден и се испорачуваат најдоцна до 21:00 следниот ден (денот на испорака). 

 

НАРАЧКИ  во недела и во одредено време 


Испораката се врши од 09:00-21:00 часот Наведете го во забелешка саканато време на испорака. Нарачката за точно одредено треба да се направи најмалку три дена однапред

ВРАЌАЊЕ


Поради специфичноста на производите, Flowers&more обезбедува враќање на производите и средствата единствено за производите под долу наведените услови: 


Цвеќето, неотпакувано може да се одбие да се прими при самата достава само доколку е оштетено, заедно со приложената фактура и испратница и истото може да се замени со ново или во случај да барате враќање на паричните средства, парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот. 

Flowers&more има право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на Flowers&more. Нашата политика за враќање на производ и парични средства, е достапна на нашата веб страницата. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.

 

Последна промена: Јануари 2014