Венчавки и свадби
За повеќе слики и свадбени приказни посетете не во Бутикот за цвеќе Flowers&More.

Венчавки и свадби

Flowers&More за повеќе од обична свадба

Flowers&More се специјализира за испорака на цвеќе на свадбени свечености и веќе гради исклучително добра репутација во Скопје и пошироко. Тимот на Flowers&More живее за цвеќето и нивните цветни креации даваат посебна грациозност на масите на исклучителни свадбени церемонии.

Во Flowers&More ви нудиме дизајнирање на цвеќињата за вашата свадба по мерка при тоа не штедиме време да ве запознаеме што подобро за да можеме да ги претставиме вашите личност и чувства преку цветните аранжмани.

Цвеќињата се единственото нешто што навистина може да и даде на вашата свадбена веселба посебен печат и нашите клиенти често ни кажуваат дека на нивната свадба гостите никогаш не забораваат да ги споменат прекрасните цветни комбинации. Нашиот тим редовно е обучуван на престижниот Boerma Institut за аранжирање на цвеќе од Холандија.


За тимот на Flowers&More нема работа која е преголема или премала од правење на невестински букети (бидермаери) до аранжирање на свечености во ресторани, хотели, отворени површини  и цркви.